Достапни линкови

Украина се договори за увоз на природен гас од Туркменистан


Украинскиот претседател Виктор Јанукович и неговиот туркемнистански колега и домаќин Гурбангули Бердимухамедов во Ашгабат.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович и неговиот туркемнистански колега и домаќин Гурбангули Бердимухамедов во Ашгабат.

Украина постигна првичен договор со Туркмeнистан за продолжување на увозот на природен гас од Централна Азија. Украинскиот министер за енергетика Едуард Ставицкиј денеска во Ашгабат изјави дека договорот го потпишале украинскиот претседател Виктор Јанукович и неговиот туркемнистански колега и домаќин Гурбангули Бердимухамедов. Ставицкиј рече дека пред финализирање на договорот ќе следуваат разговори со другите засегнати страни. За завршување на договорот е потребна согласност од Казахстан и од Русија како транзитни држави. Украина бара алтернативи на увозот на руски природен гас за да ги задоволи потребите. До 2006 година, Туркменистан ја снабдуваше Украина со околу 36 милијарди метри кубни гас годишно. Рускиот државен монопол Газпром бара од Украина да си го плати долгот од околу 7 милијарди долари, но Киев го оспорува долгот.
XS
SM
MD
LG