Достапни линкови

logo-print

Владејачкото мнозинство не ги прифаќа барањата на АМАН


Собранието ја заврши општата расправа за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, во прво читање, поднесен преку граѓанската иницијатива АМАН, со собрани над 13 илјади потписи. Пратениците од владејачкото мнозинство не ги поддржаа барањата на АМАН.

Со законот се бара да се врати евтината дневна тарифа на електрична енергија и да не им се наплаќа надомест за топлинска енергија на корисниците во Скопје кои се исклучиле од системот.

Сузана Салиу од ДУИ оцени дека барањето на АМАН е оправдано и е во согласност со економските околности, но оти ќе гласа воздржано.

Пратеничката Владанка Авировиќ од Социјалистичката партија рече дека враќањето на евтината дневна тарифа ќе значи покачување на цената на струјата и не го поддржува предлогот на АМАН.

Васко Пашевски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Собранието нема ингеренции за барањата на АМАН и оти надлежна била Регулаторната комисија за енергетика, како независно тело.

Претходно, заменик-министерот за економија Христијан Делев рече дека правно предлогот од АМАН не може да биде вклучен во Законот.

Барањата на АМАН ги поддржа пратеникот Изет Зеќири од НДП.
XS
SM
MD
LG