Достапни линкови

logo-print

Преговори за слободна трговија меѓу ЕУ и САД


ЕУ и САД најавија дека ќе започнат преговори за транс-атлантски договор за слободна трговија. Се очекува преговорите да почнат до јули. Брисел и Вашингтон навестуваат дека сакаат да постигнат договор во рок од две години. Трговската размена меѓу ЕУ и САД е најголема во светот. Претседателот на ЕК Жозе Мануел Баросо изјави дека потенцијалниот договор ќе биде пресврт и ќе ја создаде најголемата зона на слободна трговија во светот. Во своето обраќање до нацијата, американскиот претседател Барак Обама рече дека транс-атлантскиот договор ќе обезбеди „милиони добро платени американски работни места“. Сепак, постојат и многу пречки за постигнување ваков договор, како што е неподготвеноста на Европа да ги прифати генетски модифицираните земјоделски производи од САД.
XS
SM
MD
LG