Достапни линкови

Русија нема намера да прекине да извезува оружје во Сирија


Директорот на државниот руски извозник на оружје Рособоронекспорт Анатолиј Исаикин.

Директорот на државниот руски извозник на оружје Рособоронекспорт Анатолиј Исаикин.

Државниот руски извозник на оружје Рособоронекспорт соопшти дека Москва сè уште испорачува оружје за Сирија и оти нема намера да престане, и покрај граѓанската војна во земјата. Директорот на компанијата Анатолиј Исаикин рече дека испорачуваат против-ракетни одбранбени системи, но не и офанзивно оружје како што се авиони, хелихоптери или оклопни возила. Тој вели дека со извозот не се кршат меѓународните закони и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Русија, која е главен снабдувач со оружје на Сирија, е критикувана од западните и од арапските земји поради поддршката на режимот на претседателот Башар ал-Асад. ОН проценува дека во сиријскиот конфликт досега загинале околу 70 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG