Достапни линкови

logo-print

Реални или предизборни проекти на власта?


Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“.

Министерот за финансии Зоран Ставрески го промовира проектот „Купи куќа, купи стан“.

, власта на големо се подготвува за локалните избори, па секојдневно се исфрлаат во јавноста нови и нови проекти и програми. Отпис на долгови, подршка за бизнис во руралсни средини, купи куќа, купи стан, пари за самовработување, лекување во странство за 200 евра и многу други. Дел од аналитичарите оценуваат дека или сите нема да бидат реализирани или ќе се интензивира задолжувањето, бидејки државата толку пари нема.

Не може да е случајно да се случуваат толку многу нешта што добро звучат токму во овој период, ги коментираат експертите секојдневните промовирања на владини мерки и проекти кои обезбедуваат разни повластици и олеснувања за граѓаните или фирмите.
Ако има одредени целни групи со кои се таргетираат одредени програми, а тие се свесни дека тоа се прави во предизборието, зошто тоа го прифакаат? Не можам јас да ја обвинувам само едната страна. Ако тебе те излаже некој, проблемот е во тоа што тебе ти одговара малку да те излаже.

Ваквиот однос на политичарите е вообичаен од осамостојувањето до денес и постојано се подобрува и надоградува, вели аналитичарот Алберт Муслиу. Во многу кус период и токму во предизборието се случија многу ветувања, да се зголемат олеснувањата во рамките на проектот „Купи куќа купи стан, отпис на долговите за пензиско и социјално осигурување кон фирмите, издвоени средства за самовработување и зголемен фонд за лекувања во странство. Муслиу во целата приказна го гледа за важен и одговорот на граѓаните.

„Ако има одредени целни групи со кои се таргетираат одредени програми, а тие се свесни дека тоа се прави во предизборието, зошто тоа го прифакаат? Не можам јас да ја обвинувам само едната страна. Ако тебе те излаже некој, проблемот е во тоа што тебе ти одговара малку да те излаже.“
Националните програми се добри, меѓутоа се градат со години и нема да вродат со плод ако не одат заедно со европските пари.

Во склоп на предизборието гледа на проектите и професор Никола Дујоски. Дотолку повеќе што, како што вели, очекува дека најголем број од проектите ќе останат на ниво на ветувања зошто се и натаму недостапни за граѓаните, како на пример проектот „Купи куќа купи стан“. Помош особено на младите луѓе во земјава им треба, вели Дујоски, но на малку поинаков начин.

„Треба да овозможи фер услови за сите и доколку е можно да поддржува, меѓутоа државата треба да се насочи кон обука на луѓето кои работат во мали и средни претпријатија да ги користат европските фондови, ние губиме многу од тоа што имаме едвај 10 проценти искористеност на европските фондови. Тоа е вистинскиот начин на однесување, инаку националните програми се добри, меѓутоа се градат со години и нема да вродат со плод ако не одат заедно со европските пари.“

Аналитичарите се едногласни дека државата не е толку добар стопанственик за реализација на сите овие проекти и нема капацитет за реализација на сите ветувања.

„Имаме капацитет, а за тоа што немаме ќе се задолжиме“, додава Муслиу.

По 200 илјади денари за 930 лица вети владата преку проектот за самовработување. Субвенционирањерто за купување куќа или стан го зголеми од 50 на 75 проценти.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG