Достапни линкови

Без политички договор за излез од кризата, кој подразбира и возобновување на легитимитетот на институциите, по бруталното кршење на Уставот од страна на оваа власт, ние на локални избори нема да учествуваме, изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Социјалдемократскиот Сојуз останува на ставот да ги бојкотира локалните избори. Централниот одбор на партијата синоќа ја потврдил одлуката која со консензус веќе е донесена.
Ние под ултиматум немаме намера да функционираме, на начинит на кој сака да функционира оваа власт кон опозицијата, нашата одлука е недвосмислена и јасна, донесена со консензус на централнито одмор на политичката партија – Без политички договор за излез од кризата, кој подразбира и возобновување на легитимитетот на институциите, по бруталното кршење на Уставот од страна на оваа власт, ние на локални избори нема да учествуваме.

„Ние под ултиматум немаме намера да функционираме, на начинит на кој сака да функционира оваа власт кон опозицијата, нашата одлука е недвосмислена и јасна, донесена со консензус на централнито одмор на политичката партија – Без политички договор за излез од кризата, кој подразбира и возобновување на легитимитетот на институциите, по бруталното кршење на Уставот од страна на оваа власт, ние на локални избори нема да учествуваме“, изјави генералниот секретар на СДСМ, Андреј Петров.

Вчера премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски повтори дека ставот на партијата е дециден, а тоа е дека нема договор за предвремени парламентарни избори.

„Сакам јавно да кажам одлучно, децидно, наш став е – Нема договор за предвремени избори“, изјави Груевски додавајќи дека за првпат по пет години Европската Комисија може да даде негативен извештај за напредокот на земјата, ако опозицијата ги бојкотира изборите и парламентот.
Сакам јавно да кажам одлучно, децидно, наш став е – Нема договор за предвремени избори.

Дијалогот сепак можен

Иако единствениот излез од политичката криза е дијалог и договор меѓу власта и опозицијата, засега и двете страни остануваат на своите спротиставени ставови. Тоа, пак, ја отвора можноста од продлабочување на кризата, велат политичките аналитичари. Како одминуваат деновите за истек на рокот за поднесување на кандидатските листи, така растат тензиите, вели универзитетскиот професор Алајдин Демири.

„Таква авантура, без опозицијата да оди на локалните избори, создава нелигитимни избори, неприфатливи ниту за една држава. Тоа наметнува и едно друго прашање - каде е крајот на кризата и каде може да заврши?“

Иако се чини дека просторот за маневрирање е стеснет, особено откако Груевски кажа дека на изборите ќе оди и без опозиција, мала надеж внесува зголеменотот присуство и честите посети на меѓународните претставници во земјава. Притисокот што тие го прават е позитивен и не ја исклучува можноста дека и за три дена можно е да се случи некаква промена, вели Демири.

Во меѓувреме во земјава пристигна известувачот за Македонија, европратеникот Ричард Ховит, тука е и директорот на директоратот за проширување на Европската Унија, Стефано Санино, а најавена е и посета на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG