Достапни линкови

logo-print

Папата Бенедикт 16: мојата оставка за добро на црквата


Папата Бенедикт 16

Папата Бенедикт 16

Папата Бенедикт 16 во првото појавување во јавноста откако ја најави својата сотавка денеска изјави дека се повлекува за, како што рече, „доброто на црквата“. Говорејќи на аудиенцијата во Ватикан, Папата изјави дека бил свесен за тежината на неговата одлука, но исто така и за намалувањето на неговата духовна и физичка сила. Тој денеска ќе одржи миса за почеток на велигденскиот пост. 85 годишниот поглавар на Римокатоличката црква во понеделникот изјави дека на 28 овој месец ќе се повлече од функцијата. Се очекува неговиот наследник да биде избран до крајот на идниот месец.
XS
SM
MD
LG