Достапни линкови

Животниот стандард во „слободен пад“


Растат цените на храната, во јануари тие пораснале за 3, 8 проценти во однос на истиот месец во 2012. Граѓаните велат дека платите им остануваат исти, а цените постојано растат.

Трошоците на живот во јануари во однос на истиот месец во минатата година забележале раст од 3,8 отсто, според последните податоци на Државниот завод за статистика. Индексот на цените на мало пак се зголемил за 2,4 проценти. Во првиот месец од годинава поскапеле јајцата, безалхохолните пијалаци, зеленчукот, тестенините, како и алхохолните пијалаци, месото и преработките од месо. Граѓаните се согласни тешко се живее. Велат цените само растат, а примањата се исти.
Многу тешко, навистина цените стануваат се повисоки, а платите остануваат на истото ниво, не можеме да ги постигнеме овие промени.

„Многу тешко, навистина цените стануваат се повисоки, а платите остануваат на истото ниво, не можеме да ги постигнеме овие промени.“

„Нормално дека е тешко, примањата се мали.“

„Сите работиме по малку, се снаоѓаме некако, не живееме којзнае како, не одиме на одмори, ама за јадење има.“

„Кој како ќе се снајде. Двајца пензионери сме, децата ни се на товар, синот и снаатa не ни се вработени, тоа ни е проблем, а инаку за нас двајца е добро.“
За жал тука Македонија не може многу да направи, освен ако не се подигне економијата, БДП, за да се вработат повеќе луѓе, за да се подигне стандардот, доколку Македонија стагнира на ова ниво, на стапката на невработеност, очекувајте сиромаштијата и понатаму да расте, бидејќи цените на храната и на енергијата на светско ниво ќе растат уште повеќе.

Поранешниот заменик министер за економија Зоран Витанов вели дека тенденцијата на растот на цените ќе продолжи, бидејќи македонската економија е силно поврзана со светската. Според него растот на цените зависи од растот на енергенсите на светско ниво, не само на енергијата, туку и на храната.

„За жал тука Македонија не може многу да направи, освен ако не се подигне економијата, БДП, за да се вработат повеќе луѓе, за да се подигне стандардот, доколку Македонија стагнира на ова ниво, на стапката на невработеност, очекувајте сиромаштијата и понатаму да расте, бидејќи цените на храната и на енергијата на светско ниво ќе растат уште повеќе.“

Витанов додава дека стандардот на граѓаните и натаму ќе опаѓа.

„Има една народна мудрост- Се кине таму кај што е најтенко. Оние кои имаат ниски примања или кои немаат примања, а такви во Македонија се стотици илјади, очекувајте дека веќе нема од каде да кратат и дека за жал иако сме земја со четири годишни времиња, може да се случи да имаме неухранети луѓе.“

Податоците на статистика покажуваат дека намалување на индексот на трошоците на животот во јануари во споредба со минатиот месец е забележан кај овошјето, мастите и млечните производи.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG