Достапни линкови

Во Брисел состанок за скандалот со коњско месо


Министрите за здравство на Европската унија денеска во Брисел ќе разговараат за скандалот во врска со тоа што во некои земји на Унијата коњско месо се продавало како говедско. Вчера британската полиција изврши рација во една кланица во рамките на истрагата во скандалот. Продавниците во Британија, Франција, Холандија, Шведска и Швајцарија ги повлекоа производите во кои било откриено дека наместо говедско содржеле коњско месо. Романија ги отфрли обвинувањата дека некои фирми во таа земја стоеле зад дистрибуцијата на коњско месо како говедско.
XS
SM
MD
LG