Достапни линкови

Нови разговори за нуклеарната програма на Иран


Претставници на меѓународната агенција за атомска енергија на ОН денеска треба да одржат разговори со иранските официјални лица во Техеран. Пред денешниот состанок, иранското министерство за надворешни работи посочи дека на инспекторите може да им биде дозволено да го посетат воениот објект Парчин, ако Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија се во состојба да се договорат за "сеопфатен договор" во кој ќе бидат признаени нуклеарните права на Иран. Агенцијата верува дека активности поврзани со развој на нуклеарно оружје се одвиваат во Парчин. Иран негира дека се прават напори за производство на атомска бомба. Од агенцијата соопштија дека "ќе работат напорно" за да ги надминат разликите со Иран за надзор на нуклеарната програма на Техеран.
XS
SM
MD
LG