Достапни линкови

logo-print

Обама: Војната во Авганистан ќе заврши во 2014


Барак Обама

Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека војната во Авганистан "ќе биде завршена" до крајот на 2014 година. Во својот годишен говор за состојбата на Унијата тој изјави дека 34.000 американски војници ќе го напуштат Авганистан во текот на следната година. По повеќе повлекувања на трупите во 2014 година, Обама соопшти дека војната во Авганистан ќе биде завршена. Обама изјави дека терористичката мрежа на Ал-Каеда сега е само "сенка на она што била". Американскиот претседател ги повика лидерите на Иран да продолжат да бараат дипломатско решение за нуклеарната криза, велејќи дека меѓународната коалиција е решена да ја спречи исламската република да произведува нуклеарно оружје. Обама ја осуди нуклеарната проба на Северна Кореја вчера и вети дека ќе продолжи со дополнителни кратења американските и руските нуклеарни арсенали.
XS
SM
MD
LG