Достапни линкови

logo-print

Одобрена номинацијата на Чак Хејгел за секретар за одбрана


Строго поделениот комитет за воени работи во Сенатот ја одобри номинацијата на претседателот Барак Обама за Чак Хејгел да биде новиот американски секретар за одбрана. По гласање од страна на комитетот за воени работи на Сенатот ќе следи гласањето за номинација од страна на целиот Сенат, веројатно во текот на неделата. Комитетот гласаше до 14 гласа за и 11 против неговата номинација. Членовите на Демократската партија на Обама, кои имаат мнозинство во Сенатот, беа во можност да ја протуркаат номинацијата на претседателот. Хејгел, е поранешен сенатор од Небраска и ветеран во Виетнамската војна. Тој се соочува со отпор од Републиканците кои го покренаа прашањето за тоа дали тој е доволно силнен поддржувач на американскиот сојузник Израел и има ли доволно цврсти ставови за тоа како да се спротистави на иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG