Достапни линкови

ОН: Седумдесет илјади мртви во сирискиот конфликт


Високиот комесар за човекови права во ОН, Нави Пилај соопшти дека бројот на жртви во сириската војна се искачил на 70 илјади. Тој синоќа се обрати пред Советот за безбедност на ОН. Минатиот месец Пилај изјави дека повеќе од 60.000 луѓе биле убиени за време на речиси две-годишниот сирискиот конфликт. Пред Советот за безбедност кој одржа состанок за заштита на цивили во конфликтот таа изјави дека длабоките поделби меѓу членовите на Советот довеле до пасивност. Пилај повторно побара од Советот да ја тужи Сирија пред Меѓународниот кривичен суд. Русија и Кина три пати го блокираа донесувањето на резолуции на Советот за безбедност со кои беа предвидени санкции против Дамаск.
XS
SM
MD
LG