Достапни линкови

logo-print

Претставничкиот дом и изгласа недоверба на Владата на БиХ


Претставничкиот дом на Парламентот на Босна и Херцеговина и изгласа недоверба на актуелната Федерална влада. За недоверба гласаа 58 пратеници, 26 беа против, а шест воздржани. Во однос на иницијативата за гласање недоверба на Владата на федерацијата БиХ ќе се изјасни и Домот на народите на 15 февруари, на вонредна седница во Сараево.
До изборот на нова влада, Владата на која и е изгласана недоверба не може да носи одлуки и други акти со кои се создава дополнително финансиско оптоварување на Федерацијата, како и носење одлуки и решенија кои се однесуваат на сите именувања од надлежностите на Владата на БиХ.
XS
SM
MD
LG