Достапни линкови

Францускиот парламент дозволи истополови бракови и посвојување деца


Долниот дом на францускиот парламент, со 329 гласови „за“ и 229 „против“, го изгласа законот со кој се дозволуваат истополови бракови и им се дозволува на хомосексуалните двојки да посвојуваат деца. Ако Сенатот го одобри законот, Франција ќе им се придружи на десетината претежно европски држави што дозволуваат хомосексуални бракови и посвојување деца од истополови двојки. Гласањето во Сенатот е закажно за 2 април. Неодамна британија ги легализираше истополовите бракови.
XS
SM
MD
LG