Достапни линкови

logo-print

СБ на ОН остро ја осуди нуклеарната проба на Северна Кореја


Севернокорејски војник.

Севернокорејски војник.

Советот за безбедност на ОН остро ја осуди третата нуклеарна проба на Северна Кореја. Министерот за надворешни работи на Јужна Кореја Ким Сунг Хван, чија земја овој месец претседава со Советот, изјави дека пробата е „грубо прекршување на резолуциите на Советот за безбедност“. Зборувајќи по вонредниот состанок на Советот за безбедност, тој рече дека Советот сега ќе разгледува „соодветни мерки“ против Пјонгјанг.

Американската амбасадорка во ОН Сузан Рајс изјави дека Вашингтон и неговите сојузници имаат намера да ги прошират санкциите воведени против Северна Кореја по нуклеарните проби од 2006 и 2009 година. Американскиот претседал Барак Обама претходно побара „брза и кредибилна акција од меѓународната заедница“, како одговор на нуклеарните проби од Северна Кореја.

Пјонгјанг соопшти дека нуклеарната проба била „во насока на заштита на националната безбедност и суверенитет од несовесното непријателствто од САД“. Северна Кореја предупреди дека ќе продолжи со „мерки со поголем интензитет“ ако Вашингтон продолжи со непријателствата, но не кажа какви мерки.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун го осуди тестирањето и побара од Северна Кореја да се откаже од програмата за создавање нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG