Достапни линкови

Нема договор за предвремени парламентарни избори


За опозицијата ние сме биле диктатори или режим, а тие биле отпор. Немам што да кажам сериозно околу ова, освен бог да чува. Сега тие бараат договор за предвремени парламентарни избори, сакам јавно да кажам одлучно, децидно, наш став е – Нема договор за предвремени избори, изјави премиерот Никола Груевски.

Опозицијата сака да дојде на власт покрај неможноста да ја добие довербата на граѓаните, изјави премиерот Никола Груевски на потпишувањето на Декларација за соработка меѓу коалициските партнери на претстојните локални избори.
Во оваа прилика, а во контекст на изразување на недвосмислена волја за фер и демократски избори би сакал да упатам јавна покана за меѓународен мониторинг на наредните избори, во број кои тие сметаат дека е потребен, со цел да имаат појасна слика за изборите.

„Најдоа најлесно решение за нивната неможност да ја добијат поддршката од граѓаните и рекоа народот греши – опозицијата не е виновна за тоа, туку ние сме биле диктатори или режим, а тие биле отпор. Немам што да кажам сериозно околу ова, освен бог да чува. Сега тие бараат договор за предвремени парламентарни избори, сакам јавно да кажам одлучно, децидно, наш став е – Нема договор за предвремени избори.“
Премиерот Никола Груевски и претставниците на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“ потпишана Декларација за заедништво, партнерство и локален развој.

Премиерот Никола Груевски и претставниците на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“ потпишана Декларација за заедништво, партнерство и локален развој.


Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ донесе одлука дека случувањата во парламентот мора да се разрешат, рече Груевски, а за таа цел изрази поддршка за предлогот на претседателот Иванов за формирање на ад-хок комисија.

„Ние немаме што да криеме. Ние знаеме дека сме во право и затоа оваа идејата ја прифаќам со добра волја. Во оваа прилика, а во контекст на изразување на недвосмислена волја за фер и демократски избори би сакал да упатам јавна покана за меѓународен мониторинг на наредните избори, во број кои тие сметаат дека е потребен, со цел да имаат појасна слика за изборите. “
Сите инволвирани чинители, и индивидуи и политички партии, треба да донесат оценка што е во нивниот најдобар интерес и што е во најдобар интерес на Република Македонија во рамките на овој политички процес.

Апел за решавање на политичките несогласувања во интерес на државата испрати и американскиот амбасадор Пол Волерс.

„Сите инволвирани чинители, и индивидуи и политички партии, треба да донесат оценка што е во нивниот најдобар интерес и што е во најдобар интерес на Република Македонија во рамките на овој политички процес.“

При своето обраќање Груевски посочи дека Европската комисија за прв пат по 5 години може да издаде негативен извештај за напредокот на земјава.

Весна Бендевска од опозициската СДСМ претходно посочи дека одговорноста за евентуално негативен извештај не треба да се бара кај опозицијата.

„Треба да се дефинира кај оној кој во раце ги држи сите институции, комплетно ги има испартизирано, а упорното молчење и игнорирање на „црниот“ понеделник(24 декември) ќе е најголемата причина за евентуален негативен извештај.“

Инаку, потпишувањето на декларацијата меѓу партнерите во владеачката коалиција се случува во очи на посетата на известувачот за Македонија, европратеникот Ричард Ховит и за време на престојот на директорот на директоријатот за проширување на Европската унија Стефано Санино во Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG