Достапни линкови

logo-print

ХРВ - Азербејџан да престане со хајката против писателот


Познатиот азербејџански писател Акрам Ајлисли.

Познатиот азербејџански писател Акрам Ајлисли.

Хјуман рајтс воч оцени дека азербејџанската влада ги предводи заканите кон познатиот писател Акрам Ајлисли, поради негов контроверзен роман и ја повика да ја запре кампањата против писателот. Партија од владејачката коалиција вчера понуди награда од скоро 13 илјади долари за оној што ќе му го отсече увото на писателот. Минатата недела нему му беше одземена титулата Народен писател, а остана и без националната пензија. Ајлисли беше исклучен од Здружението на писатели на Азербејџан, а неговите син и сопруга отпуштени од работа. Сето ова се случува поради неговиот роман „Камени соништа“ што лани се печатеше во едно популарно руско списание. Романот ги опишува чувствителните односи меѓу Азербејџан и Ерменија, фокусирајќи се на Нагорно-Карабах, област во Азербејџан, претежно населена со Ерменци, која се отцепи во 90-тите.
XS
SM
MD
LG