Достапни линкови

logo-print

Путин бара функционерите да немаат банкарски сметки во странство


Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин поднесе предлог-закон до парламентот со кој ќе им се забрани на високи државни претставници, на нивните сопружници и малолетни деца да имаат банкарски сметки во странство. Според предложениот закон, широкиот спектар на функционери ќе имаат три месеци да ги затворат банкарските сметки во странство или да ги напуштат функциите. Во документот се наведува дека главна цел на забраната е подобрување на националната безбедност, зголемување на инвестициите во руската економија и борба против корупцијата. Долниот дом на рускиот парламент, пак, се подготвува за второ читање на сличен предлог закон со кој им се забранува на владините и воени функционери, на нивните сопружници и малолетни деца да поседуваат недвижен имот во странство.
XS
SM
MD
LG