Достапни линкови

Помалку домашни, повеќе странски туристи


Охрид.

Охрид.

Македонија лани ја посетиле 2,5 отсто повеќе туристи од 2011 година, но тие оствариле за 1 отсто помалку ноќевања отколку претходната година. Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи е намален за 2,4 отсто, но бројот на странските е зголемен за 7,3 проценти. Ноќевањата од домашни туристи се намалени за 5,5 отсто, а од странските се зголемени за 7,5 отсто. Во 2012 година во Македонија имало скоро 664 илјади туристи, кои оствариле 2,152 милиони ноќевања.
XS
SM
MD
LG