Достапни линкови

Мисовски - Уште три дена и ќе поднесеме оставки во парламентот


Архивска фотографија: Пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Архивска фотографија: Пратеникот Горан Мисовски од НСДП.

Oпозицијата ги има депонирано оставките и ќе ги предаде ако власта во овие три преостанати дена не распише предвремени парламентарни избори, рече денеска пратеникот Горан Мисовски од НСДП. Тој повтори дека опозицијата цврсто опстојува на ставот дека ќе ги бојкотира локалните, ако нема и предвремени парламентарни избори. Опозицискиот „Сојуз за иднината“, предводен од СДСМ, денеска протестираше пред Управата за јавни приходи во Скопје. Мисовски рече дека Управата е институција што спроведува државен рекет преку казнена политика, невидена во овие 20 години. За 6 години владеење на режимот на Груевски, во буџетот , само од казни и глоби, се собрани 99 милиони евра, рече Мисовски.
XS
SM
MD
LG