Достапни линкови

Борењето нема да биде олимписки спорт од Олимпијадата во 2020


Илустрација.

Илустрација.

Меѓународниот олимписки комитет со седиште во Лозана одлучи да го исфрли борењето од Олимпијадата во 2020 година. Асошиејтед прес и Би-Би-Си јавуваат дека одлуката била донесена денеска. Неименуван функционер за АП изјавил дека извршниот одбор на МОК неочекувано одлучил да го задржи пентатлонот на Олимписките игри и наместо тоа одлучил да го исфрли борењето. Со исфрлањето на еден спорт, на Комитетот му се остава можност да додаде нов до крајот на годинава. Извршниот одбор ќе се состане во мај во Русија да одлучи кој ќе биде новиот олимписки спорт од Олимпијадата во 2020 година.
XS
SM
MD
LG