Достапни линкови

logo-print

Волерс: Државните интереси да се стават над партиските


Американскиот амбасадор Пол Волерс

Американскиот амбасадор Пол Волерс

Актуелната политичка ситуација треба да се разреши на начин кој ќе и донесе бенефит на Република Македонија, изјави денеска американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс.
„Сите инволвирани страни, како партиите така и поединци треба да донесат оценка што е во најдобар интерес за иднината на Република Македонија и да преземаат чекори за да и помогнат на земјата, наместо на некоја поединечна партија или личност. Мислам дека на тој начин ќе се реши кризата“, изјави Волерс, одговорајќи на новинарско прашање по отворањето на семинарот „Улогата на судијата во акузаторната постапка“ што го организира Академијата за судии и јавни обвинители во соработка и со финансиска поддршка на Програмата ОПДАТ при Амбасадата на САД.
XS
SM
MD
LG