Достапни линкови

Војникот кој го убил Осама бин Ладен е без работа и пари


Аботабад

Аботабад

Американски војник, припадник на специјалната единица фоки, кој тврди дека го убил Осама бин Ладен даде интервју во кое опишува како и што се случило при акцијата против лидерот на Ал Каеда во мај 2011 во Пакистан.
Магазинот „Есквајер“ не го открива името на војникот, но наведува дека тој служел 16 години во морнарицата.
Во интервјуто, војникот обаснува како тимот на „Фоките“ се движел низ седиштето на Осама бин Ладен во Аботабад и како тој истрелал три куршуми во главата на лидерот на Ал Каеда.
Војникот изјавил дека е загрижен за безбедноста на неговата жена и деца поради можна одмазда и дека има финансиски проблеми бидејки е без работа, целосна пензија или здравствено осигурување.
XS
SM
MD
LG