Достапни линкови

Северна Кореја изврши нуклеарна проба


Во Јужна Кореја ја следат веста за нуклеарната проба на северниот сосед

Во Јужна Кореја ја следат веста за нуклеарната проба на северниот сосед

Северна Кореја соопшти дека изутринава успешно ја извршила третата подземна нуклеарна проба. Во соопштението на корејската централна новинска агенција се вели дека во денешната проба бил користен намален уред кој имал поголема експлозивна моќ отколку во претходните проби, во 2006 и во 2009 година.
Пробата е извршена и покрај мерките на Советот за безбедност на ОН со кои се повикува Пјонгјанг да ги запре работите на развивање на нуклеарно оружје.
Овој потег на Северна Кореја е осуден од страна на Русија, Јапонија, Британија и од Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун, како прекршување на санкциите на Светската организација спрема оваа земја.
Според дипломатски извори, се очекува Советот за безбедност да се сретне во текот на денов за да разговара за новата ситуација.
XS
SM
MD
LG