Достапни линкови

Годишно обраќање на Обама во Конгресот


Американски внатрешни прашања, вклучувајќи ги и напорите за закрепнување на најголемата светска економија, се очекува да бидат во фокусот на годишното обраќање на претседателот Барак Обама на денешната заедничка седница во Конгресот. Се очекува тој да го повтори своето ветување од 2009 година дека ќе се залага за намалување на залихите на нуклеарно оружје во светот.
Деновиве Обама изјави дека ќе го искористи ова обраќање, наречено State of the Union, за поттикнување на „растечката агенда“ на американската средна класа. Извори блиски на Белата Куќа тврдат дека Обама ќе побара од Конгресот и одобрување на законите за поголема контрола на оружјето, како и да постигне спогодба за реформа на имиграцискиот систем на земјата.
XS
SM
MD
LG