Достапни линкови

Загинати и ранети во експлозија на турско-сириската граница


Најмалку 13 луѓе загинаа, а 28 се повредени во експлозијата на граничниот премин Џилвегозу во округот Хатај, на турско-сириската граница, изјави турскиот вицепремиер и портпарол на Владата, Булент Аранч. Тој наведе дека експлозијата се случила во минибус со сириски регистарски таблички. Турските министри за правда, за внатрешни работи и за рговија и царина, Садулах Ергин, Муамер Ѓулер и Хајати Јазџ отпатуваа во округот Хатај.
Се претпоставува дека станува збор за терористички напад, но се додава дека сеуште е рано за утврдување на причините за инцидентот.
Турција е силен поддржувач на сириските бунтовници кои сакаат да го соборат режимот на претседателот Башар ел Асад.
XS
SM
MD
LG