Достапни линкови

Обама одликува војник за покажана храброст во Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама му додели Медал на честа, највисока американска награда за покажана храброст во борба, на поранешниот војник Клинтон Ромеша. Церемонијата беше одржана синоќа во Белата куќа.
31-годишниот Ромеша е четвртиот жив член на американските служби кој го добива ова признание за акции во борба во Авганистан или во Ирак.
Според воени претставници, Ромеша собрал 50-ина американски војници да се борат против околу 300 тешко вооружени талибански бунтовници кои ја нападнале базата во авганистанската провинција Нуристан во октомври 2009 година. Ромеша продолжил да се бори дури и откако бил ранет со шрапнел.
Во битката загинале осум американски војници, а 22-јца биле ранети.
XS
SM
MD
LG