Достапни линкови

Американската армија почна да се повлекува од Авганистан


Американски војници во Авганистан.

Американски војници во Авганистан.

Американската армија почна да ја повлекува воената опрема од Авганистан преку Пакистан, како дел од подготовките за повлекување на најголемиот дел од странските војници од земјата до крајот на наредната година. Портпаролот на американските сили во Авганистан Маркус Спејд изјави дека викендов биле повлечени 50 бродски контејнери со опрема. Главното снабдување на НАТО во Авганистан одеше преку Пакистан, а сега Пакистан ќе биде главна рута на повлекувањето на странската опрема од таму.
XS
SM
MD
LG