Достапни линкови

Црногорските либерали бараат декриминализација на марихуаната


Либералната партија (ЛП) на Црна Гора денеска најави дека ќе предложи црногорскиот парламент да усвои закон за декриминализација на употребата на лесни дроги, јави Танјуг. Пратеникот Андрија Поповиќ изјави дека партијата ќе предложи за употребата на лесни дроги во Црна Гора да не се одговара кривично, туку прекршочно.

„На овој начин, Црна Гора, ќе влезе во процес на легализација на лесните дроги, во прв ред на марихуаната“, рече Поповиќ.

ЛП е членка на црногорската владејачка коалиција со еден пратеник во Собранието на Црна Гора.
XS
SM
MD
LG