Достапни линкови

Зоран Маџиров - Нов албум по орденот од баварскиот принц


Македонскиот музичар Зоран Маџиров.

Македонскиот музичар Зоран Маџиров.

Македонскиот џез музичар Зоран Маџиров, неодамна во Минхен од последниот баварски принц Мануел Први ди Нардо, доби орден за високи заслуги како оригинален и единствен уметник кој неуморно работи врз ширење на музичката културата низ целиот свет. Признанието се совпаѓа со неговата непрекината серија на глобални перформанси и посебно со завршувањето на неговиот нов студиски проект.

Светот денес е мал и преубав да се живее или да се твори само на едно место. Ова е животното мото на Зоран Маџиров, македонскиот уметник и светски човек. Со мобилност својствена само нему, во еден момент ќе ви се јави од Дубаи, за да потем го имате на Стариот континент и нималку не треба да се изненадите ако потем ви прати абер од Њујорк или од некое седмо небо.
Директно ги фасцинира мојата музика, мојата необична интерпретација и јас како човек и интелект. Искреноста допре до нивните срца бидејќи ние имаме километарски социјални, културни и цивилизациски разлики, така што тие ете спонтано се одлучија тоа да го добие еден Македонец. Сметам дека не само јас, туку и Македонија на тој начин деновиве е победник и носител на големо признание бидејќи уште еднаш пред светот и на светот му покажавме кој сме и што сме.

Од таму, само оние што не го познаваат можеби првично се најдоа затекнати од информацијата дека пред десетина дена нашиот Маџиров доби орден за високи заслуги од последниот баварски принц Мануел Први ди Нардо и принцезата Астрид Прва Денглер во Минхен. Тој ова значајно германско признание го доби за посебни истакнувања во полето на музиката, како оригинален и единствен музичар, како и за неговото неуморно ширење на музичката култура низ целиот свет, и тоа во последните 25 години колку што трае неговата интернационална кариера. Притоа особено била потенцирана неговата порака дека уметниците, секој на свој начин, носат цивилизациска одговорност за правење на планетата Земја како поубаво место за живеење.
Приказна за македонскиот музичар Зоран Маџиров во германски весник.

Приказна за македонскиот музичар Зоран Маџиров во германски весник.


„Директно ги фасцинира мојата музика, мојата необична интерпретација и јас како човек и интелект. Искреноста допре до нивните срца бидејќи ние имаме километарски социјални, културни и цивилизациски разлики, така што тие ете спонтано се одлучија тоа да го добие еден Македонец. Сметам дека не само јас, туку и Македонија на тој начин деновиве е победник и носител на големо признание бидејќи уште еднаш пред светот и на светот му покажавме кој сме и што сме.“
Не е награда од натпреварувачки карактер. Тоа е награда за посебни истакнувања и заслуги во полето на музиката. „Битлси“, Џон Ленон, Пол Мекартни и другите најпрвин го освоија светот за потем кралицата да ги награди. Таа награда ништо ново и специјално ним не им отвори.

Овој медал само ја продолжува низата на значајни општествени признанија во која високо котираат и она од УНЕСКО, а и златната плакета од Департментот за правда на САД кои Маџиров пред неколку години го оценија како „човек со невообичаени способности“.

Се разбира, сето ова нема да го смени неговото поимање на нештата и животот што го живее, ниту како на почетник ќе му донесе некаков договор за снимање на неговата музика, туку само наново ќе му ги наполни батериите и натаму стамено да го изодува патот на поодамна афирмиран музичар од кого бликаат врутоци на исцелителна музика и несекојдневна позитивна енергија.

„Не е награда од натпреварувачки карактер. Тоа е награда за посебни истакнувања и заслуги во полето на музиката. „Битлси“, Џон Ленон, Пол Мекартни и другите најпрвин го освоија светот за потем кралицата да ги награди. Таа награда ништо ново и специјално ним не им отвори“, вели Маџиров.

Тој објаснува дека во изминатиов период, по чинот на врачувањето на признанието, единствено она што се сменило се неколкуте интервјуа во влијателните германски весници како „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, „Ди цајт“, „Зи Дојче Цајтунг“, потем перформансите што ги имал на неколку репрезентативни телевизиски канали и дека на тој начин тој само ја збогатува сопствената изведувачка биографија.

Инаку, како што вели, според востановената динамика, тој покрај настапите во минхенски „Театро“ наскоро треба да свири, во Швајцарија, потем во Италија и така со ред сè до 27 април до кога е букиран во Западна Европа.

Но она што е посебно интересно е што македонскиот музичар, во паузите од своите настапи, го стокмил материјалот за својот нов албум, следбеникот на одличниот „Roots Оn А Roof / Balkano Nuevo“ (издание на продукцијата „Скопски џез фестивал“) чија концертна промоција се случи со несекојдневен артистички перформанс на „Оф-фест“ во 2011 година.

„Со сигурност новиот материјал ќе излезе оваа година. Искрен да бидам навистина е тешко да се најде време да се влезе во студио кога човек е постојано по турнеи, меѓутоа јас секогаш потенцирам дека денот трае 24 часа и има време за сè. Горе долу, ќе ми бидат потребни два до три студиски термина, еден убав микс и здравје Боже, напролет ете ме со новиот албум. Инаку, останувам во сопствената творечка идеја презентирана на „Корени на покрив“ каде што во центарот се Македонија и балканската музика“, вели Маџиров.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG