Достапни линкови

logo-print

Актерката Билјана Беличанец-Алексиќ во трка за градоначалник на Кисела Вода


Актерката Билјана Беличанец Алексиќ.

Актерката Билјана Беличанец Алексиќ.

Актерката Билјана Беличанец-Алексиќ ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Кисела Вода, а портпаролот на МНР Борче Ставмов ќе се бори за градоначалничкото место во Дојран. Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги утврди имињата на уште 10 кандидати за градоначалници од редовите на партијата за претстојните локални избори.

За Кичево, општина Бутел, Зелениково и за Чашка, ќе се борат досегашните градоначалници Благоја Деспотоски, Петре Латиноски, Веле Груевски и Горанчо Пановски.

За Неготино и за Сопиште ќе се борат пратениците Ванчо Апостолов и Стефче Трпковски.

За Демир Хисар, Пехчево, Карбинци и за Конче ќе се борат претседателите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во овие општини Љупчо Блажевски, Игор Поповски, Зоран Минов и Благој Јованов.
XS
SM
MD
LG