Достапни линкови

Бензинот поскапува за 2,5, а дизелот за половина денар


Малопродажните цени на бензините од полноќ се зголемуваат за 2,5 денари, а на дизелот за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 84 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 85,50 денари за литар. Еуродизелот ќе се продава за 71,50, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 60,50 денари за литар. Регулаторите ја образложуваат одлуката со зголемената цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели, како и со понискиот курс на денарот во однос на доларот.
XS
SM
MD
LG