Достапни линкови

Ваши коментари - Мала доверба во медиумите


Граѓаните, судејќи според коментарите од читателите, не се многу задоволни од новинарската и медиумската објективност.

Дали и колку граѓаните им веруваат на медиумите? - наше ново прашање во Хајд Паркот кое говори дека медиумите повторно се во центарот на вниманието на јавноста. Впрочем, тие и најмногу учествуваат во креирањето на јавното мислење. Е сега, се разбира, од нив зависи какво ќе биде тоа.
Не им верувам на медиумите зашто за една иста работа се информира различно. Медиумите се партиски настроени и ги извртуваат нештата кон владејачката партија.
Коментар од читател.

Но нашите граѓани, судејќи според видео-анкетата и според вашите коментари на нашата веб-страница, очигледно не се многу задоволни од новинарската и медиумската објективност. Трајко од Скопје пишува дека медиумите лажеле на ангро, а Кристофер од УСА од далеку, од Америка, се чини дека пообјективно може да ги согледа работите овде, во земјава. „Не им верувам на медиумите зашто за една иста работа се информира различно“ - коментира, и додава дека „медиумите се партиски настроени и ги извртуваат нештата кон владејачката партија“.

Спротивно на Кристофер, Милан, дури мошне луто, пишува дека најмалку ѝ верува на Радио Слободна Европа, наведувајќи ги своите аргументи зошто: немало реклами, тоа значело дека е пропаганден сајт зад кој стоела ЦИА, новинарите биле поранешни од А1 ТВ (?!) и индоктринирани од Рамковски, најчесто се избирале бивши опозиционерски, како што вели, политичари, министри и експерти (сите овие ги става во наводници)...

Коле е краток и јасен: „Единствен медиум на кој му верувам е Радио Слободна Европа. Вие сте пример во Македонија за објективен, непристрасен медиум“ - пишува Коле во својот коментар.

Дали и колку граѓаните им веруваат на медиумите е прашањето кое го поставивме во рубриката Хајд Парк. Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.
Им верувате ли на медиумите?
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:32 0:00
Перо од Скопје испратил свое гледање на проблемот пак поврзан со медиумите и новинарите што го анализира и нашиот текст на оваа тема: откако беа исфрлени од собраниската сала на 24 декември, дијалогот Влада - Здружение на новинари е прекинат. Новинарите бараат утврдување на одговорноста за односот кон нив на 24 декември, сите, и странците, велат дијалогот мора да се обнови, но сега засега, статус-кво. Перо пишува дека нема што да се дискутира и дека добро се знае кој ја има одговорноста за тие случувања. „Јасно е што бараат новинарите - одговорност, а и не треба никаква комисија за утврдување на одговорноста, треба одговорниот, а тоа е оној што раководи во Собранието, да има доблест и сам да признае и да ги сноси последиците“.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG