Достапни линкови

Русија го забрани увозот на месо од САД


Во Русија денеска стапи во сила забраната за увоз на месо од Соединетите Држави. Руската ветеринарна инспекција ја најави оваа забрана поради тоа што американските производители не се согласиле со барањето да обезбедат сертификат со кој ќе се докаже дека во говедското, свинското и месото од мисирки, нема рактопамин. Рактопаминот се користи за побрз раст на животните. Руските органи соопштија дека ќе ја укинат забраната кога Соединетите Држави ќе престанат да извезуваат месо во кое има и рактопамин. Агенцијата за храна на Обединетите Нации соопшти дека малото присуство на рактопаминот во месото, не е штетен по здравјето на луѓето.
XS
SM
MD
LG