Достапни линкови

logo-print

Ховит ќе се обиде да го обнови дијалогот во Македонија


Десетина дена пред комисиската расправа за најновата резолуција на ЕП за напредокот на Македонија, за која се поднесени рекордни 203 амандмани, известувачот Ричард Ховит, од 13 до 15 февруари, доаѓа во Скопје во обид да помогне за воспоставување на политичкиот дијалог.
- Во моментов, кога постои прекин на политичкиот дијалог меѓу партиите, уште е поважно да бидам во земјата, да ги слушнам сите и да видам како европскиот пристапен процес може да ги врати работите на вистинскиот пат во Скопје, вели британскиот европратеник за Дојче Веле.
На прашањето дали е оптимист дека ќе биде најдено решение за дијалогот меѓу двете најголеми партии во Македонија, известувачот на Европарламентот вели дека неговата работа не е да биде оптимист или песимист.
- Мојата работа е да и‘ помогнам на земјава да се приближи кон ЕУ и сакам да ги сослушам сите партии. Еврокомесарот Филе лично и детално ме извести за неговата последна посета овде и се надевам дека со тоа што ќе бидам во земјата, што ќе ги слушнам сите инволвирани во политичката криза, ќе имам позитивно влијание, но не како судија или посредник, бидејќи тоа не е мојата улога, туку позитивно и конструктивно влијание што ќе овозможи да се воспостави дијалог и да се фокусираме на тоа што треба, а тоа е добивање на датумот за пристапните преговори, што ми е главниот приоритет, рече Ховит.
XS
SM
MD
LG