Достапни линкови

Најмалку 30 жртви во стампедо во Индија


Дел од ритуалите за празникот Кумбха меле.

Дел од ритуалите за празникот Кумбха меле.

Најмалку 30 луѓе загинале, а десетици други се повредени во стампедо на железничката станица во индискиот град Алахабад за време на одржувањето на верски фестивал. Несреќата се случила на пешачки мост кој поврзувал две платформи на станицата, соопшти индискиот министер за железница. Се претпоставува дека на станицата имало илјадници луѓе. За време на фестивалот Кумбха меле околу 30 милиони верници влегуваат во сливот на трите реки - Ганг, Јамуна и митската Сарасвати. Недела е еден од најсветите денови од фестивалот кој трае 55 денови и е еден од најголемите верски собири во светот.
XS
SM
MD
LG