Достапни линкови

Нов обид за помирување на Владата и опозицијата во Бахреин


Протести во Бахреин.

Протести во Бахреин.

Владата и претставниците на опозицијата во Бахреин започнаа нов круг на разговори за помирување. Ова е прва ваква средба од 2011 година. Разговорите почнаа вчера, а уште една рунда е закажана за в среда. Разговорите се во насока на решавање на конфликтот меѓу сунитските владетели на земјата и опозицијата, чии членови се главно шиити. Опозицијата сака владејачката монархија да го предаде својот монопол врз власта и да овозможи функционирање на избрана влада во која на високи функции ќе бидат вклучени и шиити. Во Бахреин започнаа масовни протести на почетокот на 2011 година за време на Арапската пролет. Протестите беа задушени од страна на безбедносните сили, но демонстрантите продолжија да притискаат за промена. Бахреин е домаќин на американската Петта флота.
XS
SM
MD
LG