Достапни линкови

Иранско - руски разговори во Москва за иранската нуклеарна програма


Министрите за надворешни работи на Русија и на Иран, Лавров и Салехи.

Министрите за надворешни работи на Русија и на Иран, Лавров и Салехи.

Иранскиот министер за надворешни работи Али Акбар Салехи денеска во Москва треба да разговара со руски претставници за решавање на ќор-сокакот во кој западнаа меѓународните разговори околу нуклеарната програма на Иран, како и за зајакнување на економската соработка меѓу Иран и Русија.
Салехи треба да се сретне со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и да учествува на 10-та седница на Советот Русија-Иран, заедничка комисија за економска соработка.

Средбата доаѓа пред меѓународниот состанок во Казахстан закажан за 26 февруари, на кој ќе се разговара за начините за решавање на спорот околу иранските нуклеарни активности, вклучувајќи збогатување на ураниумот.

САД и нејзините сојузници велат дека ваквите активности Иран може да ги користи за производство на нуклеарно оружје, но Иран негира такво нешто. На состанокот во Казахстан ќе присуствуваат претставници на Иран и на шесте светски сили - Русија, Велика Британија, Кина, Франција, Германија и САД.
XS
SM
MD
LG