Достапни линкови

Романија може да го загуби угледот поради коњското месо


Угледот на Романија може да биде нарушен со години, ако се утврди дека романскиот снабдувач со месо е виновен за продажбата на коњско месо како говедско, изјави романскиот претседател Трајан Басеску. Романија веќе започна истрага за случајот. Франција тврди дека романски, холандски и кипарски трговци биле дел од синџирот на снабдување, што резултираше со продажба на коњско место како говедско. Како оброк и во продавници месото се продавало во многу земји вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Шведска. Француските власти велат дека сторителите може да се соочат со кривична пријава заизмама и ветија темелна истрага. Досега не се пријавени здравствени проблеми како резултат на конзумирање на месото.
XS
SM
MD
LG