Достапни линкови

logo-print

Бугарите протестираат против скапата струја


Нуклеарната централа Козлодуј.

Нуклеарната централа Козлодуј.

Неколку илјади граѓани протестираа денеска во неколку градови во Бугарија поради високиот износ на последните сметки за струја, барајќи оставка на надлежните. Иако струјата во Бугарија поскапе уште минатиот јули за 13 отсто, бугарските граѓани беа изненадени од сметките дури сега поради исклучутелно ниските температури, кои поттикнаа многу поголема потрошувачка.

Извикувајќи „мафија“ и „оставки“, илјадници граѓани одржаа протестен марш во Софија, Варна, Пловдив и Благоевград, палејќи ги сметките и барајќи повторно да се национализираат дистрибутерите на електрична енергија.

Министерот за енергетика Делијан Добрев, кого демонстрантите во Софија го погодија со камен, изјави дека Министерството наредило да се провери износот на сметките, нагласувајќи дека многу од нив се однесуваат на подолг период, вклучувајќи ги новогодишните и божиќните празници. Енергетските компании исто така соопштија дека ќе ги испитаат жалбите на граѓаните.
XS
SM
MD
LG