Достапни линкови

Заврши првата акција за чистење на манастирот Трескавец


Фотографии од Манастирскиот комплекс Трескавец кој беше зафатен од пожар.

Фотографии од Манастирскиот комплекс Трескавец кој беше зафатен од пожар.

Околу 50 метри кубни шут денеска беше исчистен во манастирскиот комплекс Трескавец од страна на 70-ина планинари и преку 150 прилепски доброволци. Се чистеа изгорени парчиња дрво, малтер, ќерамиди, изгорени предмети.

„Приземните делови во комплексот се расчистени. При следната акција мора колку-толку да се оспособи патот за да може да се постават скелиња. Ќе се уриваат ѕидовите од конаците кои е опасно да се остават“, вели Бранко Нешкоски од Координативното тело за обнова на манастирот.

Деновиве од Заводот и музеј и јавните претпријатија ја скенираа состојбата и е одредено што може да се расчистува.
XS
SM
MD
LG