Достапни линкови

Лавров - Посвоените руски деца во САД биле злоупотребувани


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го брани неодамна усвоениот закон за забрана американски државјани да посвојуваат руски деца, со образложените дека во САД тие се злоупотребувани. Во интервју за руски медиум, Лавров вели дека законот е одговор на „големиот број“ информации дека руските посвоени деца во САД се убивани или малтретирани.

„САД се единствената земја од која добиваме навистина алармантни извештаи за тоа како многу семејства ги третираат нашите деца“, вели Лавров и додаде дека намерно го користи зборот „многу“.

Лавров вели дека бројот на случаи на злоупотреба е многу поголем од што се верува, затоа што посвоителите ги менуваат руските имиња на децата, со што станува речиси невозможно за Москва да ги следи. Тој исто така рече дека Русија „мораше“ да го донесе овој закон како одговор на воведувањето санкции од САД за руски државјани вклучени во кршењето на човековите права.
XS
SM
MD
LG