Достапни линкови

Проект за бесплатен интернет во цел Загреб


Загрепските власти планираат да воведат еден од најмодерните системи на безжичен Интернет, кој ќе овозможи целиот град да може бесплатно да ја користи глобалната мрежа, пишува денеска весникот „Јутарњи лист“. Весникот, повикувајќи се на соработниците на градоначалникот Милан Бандиќ, пишува дека Загреб за неколку месеци во својот центар би можел да биде опремен со мрежа за брз безжичен интернет. Овој проект, за кој како што пишува весникот, загрепските власти веќе распишаа тендер, во првата фаза на спроведувањето би чинел околу 140 илјади евра. Вкупната цена на целиот потфат, кој делумно ќе се финансира и од фондовите на ЕУ, ќе чини околу седум милиони евра.
XS
SM
MD
LG