Достапни линкови

Ранет кандидат бара одложување на претседателските избори во Ерменија


Премиерот Тигран Саркисјан во посета на ранетиот претседателски кандидат Параир Хаирикиан во болница во Ереван.

Премиерот Тигран Саркисјан во посета на ранетиот претседателски кандидат Параир Хаирикиан во болница во Ереван.

Ерменскиот претседателски кандидат Параир Хаирикиан, кој беше ранет во рамото при обид за атентат пред десет дена, денеска побара од Уставниот суд да ги одложи за две недели изборите закажани за 18 февруари. Судот треба да донесе одлука за ова прашање за четири дена. Претходно, 63-годишниот Хаирикиан рече дека нема да бара одложување на претседателските избори.

Хаирикиан е лидер на партијата Унија за национално самоопределување. На партиската интернет страница денеска беше објавено соопштение дека закрепнувањето на Хаирикиан е забавено во последниве денови и оти тој морал да откаже неколку планирани средби и интервјуа. Полицијата уапси двајца осомничени за атентатот, но сè уште не се познати мотивите за нападот.

Хаирикиан е еден од осумтемина кандидати на изборите на кои се очекува да победи актуелниот претседател Серж Саркисијан. Хаирикиан се смета за еден од аутсајдерите на изборите.
XS
SM
MD
LG