Достапни линкови

Дачиќ - Ни треба поддршка од Русија и Кина за косовското прашање


Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Српскиот премиер Ивица Дачиќ.

Србија има потреба од поддршка на Русија, Кина и други големи држави за решавање на косовското прашање, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ и додаде дека таа поддршка се заснова на принципот на меѓународното право и вистината. Дачиќ во писмена изјава нагласува дека имал разговори во Њујорк со раководителот на руската мисија во Обединетите нации Виталиј Чуркин, при што му се заблагодарил за поддршката што Русија и ја дава на Србија. Српскиот премиер истакна дека Србија не може да се согласи Косово да влезе во Обединетите нации.

„Руската федерација ја поддржува конструктивно Србија во обидите за пронаоѓање на праведно решение и обезбедување траен мир во регионот и опстанокот на српскиот народ“, изјави Дачиќ и додаде дека ставот на Белград во однос на влегувањето на Косово во ОН никогаш нема да се промени.
XS
SM
MD
LG