Достапни линкови

logo-print

Белоруски опозиционер пуштен од затвор


Белорускиот опозициски активист Васил Парфијанков пуштен од затвор.

Белорускиот опозициски активист Васил Парфијанков пуштен од затвор.

Белорускиот опозициски активист Васил Парфијанков, кој вчера излезе од затвор откако отслужи 6 месеци поради прекршување на условната казна, изјави дека ќе продолжи со активно опозициско делување. Парфијанков на својата интернет страница објави дека полицијата продолжува да го следи. Во нашата земја, никој не е сигурен од апсење, пишува тој.

„Секој што не се согласува со режимот може во секое време да биде ставен во затвор“, пишува Парфијанков.

Тој беше осуден на четири години условно за учество на масовните протести против реизборот на претседателот Александар Лукашенко на 19 декември 2010 година. Во 2011 година тој беше амнестиран, а казната му беше укината. Сепак, во мај 2012 година, Парфијанков беше обвинет за прекршување на условната казна и осуден на 6 месеци затвор.
XS
SM
MD
LG