Достапни линкови

Устоличен новиот патријарх на Антиохија


Оштетена црква во Сирија.

Оштетена црква во Сирија.

Грчката православна црква во Антиохија денеска го устоличи новиот патријарх, 57-годишниот Јован Јазиги на церемонија во главниот град на Сирија, Дамаск. Патријархот Јован го наследува Игнатиј Хазин како источен православен патријарх на Антиохија и целиот Исток. Хазин почина во декември минатата година. На церемонијата присуствуваше и маронитскиот патријарх Бешара Раи од Либан. Тоа е прва посета на поглаварот на Маронитската црква на Сирија по неколку децении. Маронитската црква е отворен критичар на доминацијата на Сирија во политиката во Либан. Церемонијата се одржа под силно обезбедување, поради граѓанската војна што беснее во Сирија. Сириските христијани генерално се неутрални во речиси двегодишниот конфликт меѓу бинтовниците и режимот на претседателот Башар ал-Асад.
XS
SM
MD
LG