Достапни линкови

logo-print

Хрватска - Нема простор за паника поради штетното млеко


Откако вчера поради присуство на канцероген афлатоксин побара повлекување на трајното мелко на двата производители „Дукат“ и „Виндија“, хрватското Министерство за земјоделство денеска порача дека нема причина за паника, бидејќи треба да се конзумираат големи количини на млеко за штетните материи да имаат било какво влијание врз човечкиот организам. Во изјава за медиумите, заменик министерката за земјоделство Мирјана Матаушиќ-Пишл ги отфрли шпекулациите дека станува збор за увозно млеко, како што тврделе претставниците на хрватските фармери, нагласувајќи дека и пченката со која е хранета стоката била од домашно производство.
XS
SM
MD
LG