Достапни линкови

logo-print

Грузискиот претседател подготвен на разговори со премиерот


Грузискиот претседател Михаил Саакашвили.

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили.

Грузискиот претседател Михаил Саакашвили изјави дека е подготвен на итни разговори со премиерот Бидзина Иванишвили и со владата во врска со „уставните промени и други прашања кои влијаат на развојот на земјата“. Во изјавата објавена на неговиот фејсбук профил, Саакашвили предлага разговорите да се одржат на 11 февруари. Иванишвили вчера изрази подготвеност да соработува со претседателот „во согласност со Уставот и законите“. Минатата недела парламентот го одложи претседателското обраќање поради тековната дебата за моќта на претседателот да ја распушти владата без одобрение од парламентот. Саакашвили на 8 февруари се обрати од претседателската резиденција, откако демонстрантите го спречија да одржи говор во Националната библиотека. Вториот претседателски мандат на Саакашвили истекува во октомври.
XS
SM
MD
LG